Денешните натпревари на „Струга 2026“ ќе се играат на отвореното игралиште „Горан Попоски – Бабец“, каде што се играа и досегашните натпревари.
Иако временските услови не беа најдобри, сепак веќе нема најава за дожд во Струга, па натпреварите ќе може да се одиграат без проблем на отворено.
Можно е да има мало доцнење на почетокот поради изведување на одредени подобрувања на и околу теренот, со цел натпреварите да се одржат непречено и во најдобри можни услови.
Првиот натпревар меѓу домаќинот Струга и Дубочица Лесковац ќе започне од 19:00 часот, а вториот меч меѓу Вардар и Бутел Скопје ќе започне исто така со половина час задоцнување.
























