По вчерашните возбудувања на Струшкиот турнир, денешниот ден носи два нови меча и нови уживања за љубителите на ракометот.
Од 18:30 часот, екипата на Бутел Скопје ќе игра за првпат и ќе се соочи со Прилеп, кој вчера загуби убедливо од Вардар со 39-29.
Бутелци не тренираа комплетни од стартот на подготовките, имаа дури седум кадетски репрезентативци на ЕП, но стратегот Стојанче Стоилов, ќе ги има на располагање.
Овој дуел е практично битка за второто место во групата, ако се знае дека Вардар е голем фаворит против Бутел Скопје во последното коло.
Од 20:30 часот, актуелниот бранител на трофејот, Охрид, откако ја совлада Струга, сега има „меч-топка“ за финале.
Ако слават избраниците на Борис Ројевиќ против српската Дубочица Лесковац, тогаш нивниот пласман во финалето ќе биде заверен.
ДЕНЕСКА НА СТРУШКИ ТУРНИР:
18:30 ПРИЛЕП – БУТЕЛ СКОПЈЕ
20:30 ОХРИД – ДУБОЧИЦА ЛЕСКОВАЦ
24Ракомет и годинава е медиумски партнер на Струшкиот турнир и ќе обезбеди целосно покривање на сите четири натпреварувачки дена.
Сите девет натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на 24Ракомет, со коментар на македонски јазик. Пред и по натпреварите ќе има изјави од тренерите и ракометарите, а во текот на турнирот ќе се објавуваат извештаи, интервјуа, фотографии, видеа, резултати и табели.
На 24Ракомет е отворен и посебен дел „Струга 2026“, каде на едно место ќе бидат собрани сите информации, најави, извештаи, резултати, табели, галерии, видеа и линкови до директните преноси.

























