Струга од 12 до 15 август повторно ќе живее со ракометот, а покрај Црн Дрим ќе се одржи вистински ракометен фестивал исполнет со добри натпревари, полни трибини и незаборавна атмосфера. 24Ракомет и годинава е медиумски партнер на турнирот, а во пресрет на неговиот почеток ќе ги претставиме сите екипи учесници и ќе пренесеме интересни приказни, факти и детали од богатата историја на турнирот. Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на 24Ракомет.
Рекордерот по бројот на освоени трофеи на турнирот во Струга, РК Вардар на отвореното игралиште покрај Охридско Езеро и Црн Дрим доаѓа како освојувач на двојната круна во домашното првенство и како главен фаворит за трофејот.
Капитенот Гоце Георгиевски очекува победнички почеток на подготовките и настап во финалето. Тоа можеби ќе му биде последно финале и настап на турнирот како играч, бидејќи има најави дека потоа заминува во пензија, иако за добра ракометар нема пензија.
Струга од 12 до 15 август повторно ќе живее со ракометот. На отвореното игралиште покрај езерото ќе се одржи 54. издание на традиционалниот турнир, а меѓу шесте учесници ќе биде и актуелниот македонски шампион Вардар. 24Ракомет и годинава е медиумски партнер на турнирот, а сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на YouTube каналот на 24Ракомет.
„Црвено-црните“ ќе играат во група со Прилеп и Бутел, а капитенот Гоце Георгиевски не ја крие желбата Вардар да ја оправда фаворитската улога и да се пласира во финалето.
Добро познати ривали за почеток на подготовките
Вардар ќе го отвори турнирот против Прилеп, а потоа ќе се соочи со Бутел. Станува збор за две екипи што скопјани добро ги познаваат од натпреварите во домашното првенство.
За Георгиевски, средбите во Струга ќе бидат добра можност новиот состав да почне со воигрување и постепено да ја подигнува формата пред официјалниот почеток на сезоната.
„За мене турнирот во Струга е еден од најдобрите. Има едно несекојдневно чувство кога се игра таму, на отворено. И секогаш со нетрпение очекувам да играм таму. Бутел и Прилеп се добро познати противници и екипи од Суперлигата. Тоа се добри ривали за овој период од подготовките, за да се воиграме. Очекувам победи и да играме во финалето“, изјави Георгиевски.
Прилеп во новата сезона влегува со повисоки амбиции и со цел да обезбеди место во плеј-офот, додека Бутел има подмладен состав и нов тренер во името на Стојанче Стоилов. Токму против Стоилов, со кого Георгиевски долги години ја делеше соблекувалната во Вардар и во репрезентацијата, капитенот сега ќе се најде на спротивната страна.
Вардар треба да биде комплетен во Струга
Екипата на Иван Чупиќ подготовките ги одработува без поголеми проблеми, а очекувањата се Вардар во Струга да настапи со сите расположливи ракометари.
„Колку што знам, сите се здрави и би требало да бидеме комплетни“, вели капитенот на Вардар.
На тимот треба да му се приклучат и младите Марко Ѓорчески и Бобан Поповски, кои имаат репрезентативни обврски. Нивното доаѓање ќе му овозможи на Чупиќ првпат да смета на целиот состав и да ја провери екипата во натпреварувачки услови.
Георгиевски е капитен и ќе го предводи новиот состав
Гоце Георгиевски и во новата сезона ќе ја носи капитенската лента заедно со Милан Лазаревски. Искусното десно крило ќе биде еден од играчите што треба да им помогнат на новите ракометари побрзо да се приспособат на барањата, атмосферата и амбициите на клубот.
Вардар летово донесе седум нови имиња. Милан Бомаштар пристигна од француски Шарт, Мохаб Абделхак од Кил, Матео Фадуил од Трембле, а Леон Љевар од Слован. Нови членови се и Бобан Поповски и Марко Ѓорчески, додека Никола Нечовски е приклучен од младинската школа.
Во Струга Георгиевски ќе игра и против неколку поранешни соиграчи. Стаменковиќ и Богдановски станаа членови на Бутел, таму тренер е Стоилов, додека бекот Танкоски се пресели во редовите на домаќинот Струга.
Двојната круна носи поголема одговорност
Вардар во Струга пристигнува по сезона во која ја врати шампионската титула и го освои Купот на Македонија. За клубот тоа беше 16. титула во домашното првенство и 18. трофеј во Купот.
„Црвено-црните“ имаат и четири трофеи во Суперкупот, пет титули во СЕХА лигата и две европски круни, освоени во 2017 и 2019 година. Во 2026 година клубот одбележува и 65 години од своето постоење.
Новата сезона ќе донесе и враќање во Лигата на шампионите. Георгиевски веќе порача дека Вардар нема да се задоволи само со учество во европската елита и дека амбицијата е да биде конкурентен против секој противник.
„Имињата не играат на теренот. Со составот што го има Вардар оваа сезона верувам дека ќе бидеме конкурентни и способни да ги оствариме клупските цели. Нашата цел секогаш е да стигнеме што подалеку“, порача капитенот во најавата за европската сезона.
Првиот чекор кон создавањето на потребната форма ќе биде направен токму во Струга. Резултатите на подготвителните натпревари не се единственото мерило, но Георгиевски и Вардар не кријат дека сакаат победнички да ја отворат новата сезона.
„Ние и Охрид би требало да играме во финалето, бидејќи имаме најквалитетни екипи, и секако очекува, победа на Вардар.
Распоред на натпреварите на Вардар во Струга
12 август
18,30 часот – Вардар – Прилеп
14 август
20,30 часот – Бутел -Вардар
15 август
Меч за пласман
Тренерот Иван Чупиќ веќе ги кажа очекувањата од турнирот. Очекува победи, но турнирот првенствено ќе го искористи за воигрување на новиот состав и за подготовка на екипата за Супер Купот и Лигата на шампионите.
* СИТЕ НАТПРЕВАРИ ЌЕ БИДАТ ПРЕНЕСУВАНИ НА YOUTUBE КАНАЛОТ НА 24РАКОМЕТ
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…

























