Машката репрезентација на Македонија во ноември ги почнува квалификациите за Европското првенство во Португалија, Швајцарија и Шпанија.
Македонија стартува на домашен терен против селекцијата на Луксембург, a Ракометната федерација го избра градот домаќин.
Како и последната средба од баражот за СП 2027 против Словачка, така и оваа ќе се одигра на истото место – во СЦ „Борис Трајковски“.
Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург ќе започне од 19:00 часот на 4 ноември, а во нашата група се уште Шведска и Грција.























