Почна Регионалната лига – реми на Крим и Локомотива Загреб

Со натпреварот меѓу словенечкиот првак Крим и хрватската Локомотива Загреб денеска стартува првата сезона во новата регионална лига со екипи од Хрватска, Словенија, Македонија, Србија и Црна Гора.

Во групата А, Крим и Локомотива Загреб ремизираа на дуелот во Љубљана, 23-23. Тимот од Загреб водеше на минута до крајот преку Посавец, но Зулиќ се погрижи за домаќинките да останат непоразени на оваа средба.

Најдобар стрелец кај Крим беше Абина со шест погодоци, а пет постигна Посавец за Локомотива Загреб.

Втората средба од групата А се игра на 6 август, кога во Љубљана ќе гостува екипата на Подравка.

Кај дамите, македонските преставници Чаир и Ѓорче Петров се дел од групата Б, додека кај мажите имаме четири екипи од Македонија. Машката регионална лига ќе стартува на 17 август со пресметката меѓу Вардар и Војводина.