Македонската репрезентативка Јована Кипријановска ќе има нов клуб во претстојната сезона во полскиот шампионат.
Таа не ја менува државата, но го смени клубот и ќе настапува во екипата на Старт Елблаг, дознава 24Ракомет.
Десниот бек во вториот дел од минатата сезона играше за Рух Калиш и ги покажа своите квалитети во Полска, па го привлече вниманието на Старт Елблаг.
Кипријановска потекнува од Куманово, во Франција играше за Самбр Авенуа, а минатата сезона беше дел од унгарскиот Сомбатељ.

























