Тимот на Вардар продолжува со формирањето на играчкиот ростер за претстојната сезона во која ќе настапува на домашна и меѓународна сцена.
Десниот бек Евгенија Смиљковска, кадетска репрезентативка на Македонија и Мина Ѓурческа, пионерска репрезентативка, ги продолжија договорите со „црвено-црните“.
Смиљковска беше МВП на пионерскиот Ф4 минатата година, а настапи и на кадетското ЕП во Црна Гора, како и на ЕМОФ минатата година. Пред да дојде во Вардар таа играше за Металург Автокоманда.
Ѓурческа има само 16 години и покрај за сениорската ќе настапува и во младинските категории на Вардар, а пред да го облече „црвено-црниот“ дрес беше дел од Металург Автокоманда и Скопје.
Вардар претходно ги продолжи соработките со Елена Балоска, Мила Ристовска и Ивана Трифуноска, а ја промовираше Марија Дуновска.























