Познато е кога ќе се судрат Вардар и Охрид во битка за Супер Куп трофеј!

Супер Куп натпреварот меѓу шампионот Вардар и финалистот на Купот на Македонија го доби својот термин.

Битката за првиот трофеј оваа сезона ќе се одигра на 3 септември, објавија од охридскиот клуб.

Повеќе детали околу местото на одигрување на Супер Куп натпреварот и билетите за истиот ќе има наскоро.

Со оглед на тоа што Вардар е освојувач на двојната круна минатата сезона, историска шанса добива Охрид како финалист на Купот и ќе има шанса да испише нова убава страница во клупската историја.