ЗАОКРУЖЕТЕ ВО КАЛЕНДАРОТ: Еве кога се играат сите дерби мечеви на големата четворка!

Откако беа извлечени натпреварувачките бројки на екипите од Супер лигата за следната сезона, познато е кога ќе се играат македонските дерби дуели. Есенскиот дел треба да почне на 5/6 септември со средбата Охрид – Еурофарм Пелистер.

Интересно е што Вардар ќе биде домаќин на сите три дерби средби есенва. Прво го пречекува Охрид, потоа Еурофарм Пелистер и на крај тимот на Кирил Лазаров. Тие дуели се планирани на почетокот на октомври, крајот на октомври и средината на ноември.

Првото македонското „Ек класико“ ќе се игра во 9. коло на 31 октомври или 1 ноември во Скопје. Од есенва Вардар своите мечеви ќе ги игра во новата сала „Расадник“, но мечевите на кои има голем интерес би требало да ги игра во СЦ „Јане Сандански“.

Битолски Еурофарм Пелистер пак своите најважни мечеви ќе ги игра есенва на гости. Почнува со дерби во Охрид, а завршува со дуел во Автокоманда. Тоа значи дека конкурентите за висок пласман ќе ги пречека на домашен терен напролет кога ќе бидат клучните дуели пред стартот на плеј-офот.

Најинтензивен есенски дел ќе има Охрид кој во првите 6 кола ќе ги одигра сите мечеви. Прво го пречекува Еурофарм Пелистер, а во 5. коло патува во Скопје, и во 6 коло е домаќин на Алкалоид.

Еве ги сите датуми на дерби средбите во есенскиот дел од сезоната.

1 коло (5/6 септември): Охрид – Еурофарм Пелистер
5 коло (3/4 октомври): Вардар – Охрид
6 коло (10/11 октомври): Охрид – Алкалоид
9 коло (31 октомври/1 ноември): Вардар – Еурофарм Пелистер
10 коло (14/15 ноември): Вардар – Алкалоид
11 коло (21/22 ноември): Алкалоид – Еурофарм Пелистер