Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени натпреварувачките броеви за екипите од Супер машката лига.
Бранителот на титулата, Вардар, ќе ја започне одбраната на тронот на домашен терен против Еурофарм Пелистер 2.
Вицепрвакот Еурофарм Пелистер ќе гостува кај третопласираниот Охрид во првото дерби за новата сезона.
Новиот суперлигаш Младост Богданци гостува кај Бутел Скопје на стартот, додека интересно се очекува да биде и на пресметките меѓу Пролет и Тиквеш, односно Прилеп и Куманово.
Првото коло од машката елитна конкуренција ќе се одигра на 6/7 септември.
Супер машка лига, 1 коло:
Бутел Скопје – Младост Богданци
Охрид – Еурофарм Пелистер
Вардар – Еурофарм Пелистер 2
Пролет – Тиквеш
Прилеп – Куманово
Алкалоид – Мулти Есенс























