Македонскиот шампион Вардар доби место за наредната сезона во Лигата на шампионите!
Европската ракометна федерација го потврди тоа што беше познато уште од пред некое време – „црвено-црните“ се вратија таму каде што припаѓаат меѓу најсилните европски екипи.
Покрај Вардар, вајлд-карти добија уште 12 други екипи – данските Архус и ГОГ Гудме, француските Нант и Монпелје, германскиот Фуксе Берлин, унгарскиот ПИК Сегед, полската Висла Плоцк, португалскиот Порто, српскиот Партизан, швајцарскиот Криенс Луцерн, словенечкиот Целје и шведскиот Кристијанштад.
Директно место во групите имаа Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Магдебург, Веспрем, Колстад, Келце, Мелсунген, Спортинг Лисабон и Динамо Букурешт.
Ждрепката за групите ќе се одржи од 11:00 часот на 26 јуни, а од оваа сезона ЛШ ќе се игра по нов систем – шест групи по четири екипи.























