Третопласираниот тим од Супер женската лига, Вардар, се активираше на трансфер пазарот и почнува да го составува играчкиот ростер што ќе го има на располагање предводничката Даниела Новеска.
Откако ја договори кадетската репрезентативна голманка Марија Дуноска од Стружанка и ги продолжи договорите со Ивана Трифуноска и Леона Миленкоска, беа договорени уште две нови соработки.
Дресот на Вардар во наредната сезона ќе продолжат да го носат уште две кадетски репрезентативки – левиот бек Елена Балоска и средниот бек Мила Ристовска.
Тие беа дел од составот на кадетската репрезентација што стигна до финалето на Светското училишно првенство, но и важна алка од играта на Вардар.
„Црвено-црниот“ состав покрај амбициите да биде конкурентен на домашна сцена, има амбиции и на меѓународна сцена и се пријави за ЕХФ Европскиот Куп.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























