Најдобрите стрелци остануваат – Миленкоска и Трифуноска верни на Вардар

Откако го објави првото ново име во своите редови, тимот на Вардар го потврди останувањето на најдобрите стрелци од минатата сезона.

Левото крило Леона Миленкоска и десниот бек Ивана Трифуноска и наредната сезона ќе го носат дресот на Вардар.

Двете потпишаа нови договори со „црвено-црниот“ тим и ќе останат во составот на Даниела Новеска.

Вардарки завршија во ТОП 3 минатата сезона, а во новата сезона ќе бидат дел и од европските купови.

Претходно голманката Марија Дуноска го засили составот на Вардар.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________