Капитенот верен на битолчани: Филип Кузмановски останува во Еурофарм Пелистер!

Филип Кузмановски и наредната сезона ќе остане дел од Еурофарм Пелистер и ќе ги брани боите на битолскиот клуб.

Иако имаше понуди од повеќе европски клубови, Кузмановски ја прифати новата понуда од битолчани за двегодишен договор.

Најдобриот лев бек во изборот на Ол Стар тимот на 24Ракомет за минатата сезона во меѓувреме играше три недели за Кувајт Спорт Клуб на Азиското клупско првенство и имаше одлични партии.

Битолчани прават реконструкција на тимот, дојде и нов стратег – Лино Червар, а во новата сезона многу веројатно ќе бидат дел од Лигата на Европа, ако Вардар добие вајлд-карта за Лигата на шампионите.

„Капитенот останува со нас“, напишаа од битолскиот клуб на социјалните мрежи.