Ракометната федерација на Македонија го потврди домаќинот и термините за двете бараж средби за пополнување на Супер лигата идната сезона.
Прилеп и салата „Ристе Ристески Ричко“ во среда, на 3 јуни, ќе бидат домаќини на двата натпревари во машка и женска конкуренција.
Најпрво ќе играат дамите на Пелистер и Ѓорче Петров 2 од 17:30 часот, додека два и пол часа подоцна ќе играат момците.
Од 20:00 часот екипите на Младост Богданци и Струга ќе ја бијат битката за последниот член на елитната конкуренција.
Супер женската лига ја напушта Металург Автокоманда, додека од машката елитна конкуренција испаѓа екипата на Радовиш.
























