Левото крило на Вардар, Леона Миленкоска, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 26. коло во Супер женската лига.
Таа имаше одлична партија на мечот против Пелистер во Битола и беше меѓу најдобрите стрелци во победата.
Миленкоска го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 67% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Во конкуренција за ѕвезда на 26. коло беа уште и членките на Куманово и Чаир, Маријана Азеведо и Рона Мифтари.

























