ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар со претпоследна обврска, Пролет на гости кај Прилеп

Македонскиот шампион Вардар денеска ќе ја има претпоследната обврска за оваа сезона и ќе игра дома со екипата на Тиквеш.

Овој дуел е закажан за денеска во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, но за „црвено-црните“ нема резултатско значење, а доколку кавадарчани приредат сензација може да се искачат на петтото место.

Од суперлигашкиот плеј-аут, Прилеп ќе го пречека составот на Пролет, но ниту овој меч нема резултатско значење за двата тима.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 ВАРДАР – ТИКВЕШ (СУПЕР МАШКА ЛИГА)
19:30 ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ (СУПЕР МАШКА ЛИГА)