ЅВЕЗДА НА 24. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – МАРИЈА АНЧЕВА (АСТИБО)

Левиот бек на штипски Астибо, Марија Анчева, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 24. коло во Супер женската лига.

Таа имаше одлична партија на мечот против Пелистер во Битола и беше меѓу најдобрите стрелци во важниот триумф.

Анчева го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 56% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 24. коло беа уште и членките на Вардар и Ѓорче Петров, Таида Беровиќ и Теодора Дукоска.