Српскиот интернационалец Богдан Радивојевиќ по три сезони заминува од Еурофарм Пелистер и ќе ги брани боите на турскиот првак Бешикташ.
Радивојевиќ се огласи на социјалните мрежи и се заблагодари за поддршката од навивачите на битолскиот клуб.
„Драги Чкембари и Битола,
После три години дојде време за разделба. Имаше и убави и тешки моменти, но јас ќе ги паметам само убавите. Заедно освоивме две титули и еден Суперкуп и ми е драго што бев дел од сето тоа.
Ви благодарам на сите за поддршката и довербата во овие години. Чест ми беше да играм за Пелистер и пред навивачи како Чкембари.
Пред нас има уште два натпревари и треба да ја завршиме сезоната како што доликува.
Битола, Пелистер и Чкембари засекогаш ќе ги носам во срцето и ќе ги паметам по убавите работи. Со среќа понатаму!
___________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























