Еурофарм Пелистер по крајот на сезоната ќе остане без уште еден важен играч. По Илија Абутовиќ, од Битола заминува и искусното десно крило Богдан Радивојевиќ.
Српскиот интернационалец кариерата нема да ја продолжи во својата татковина, туку во Турција. Според информациите на „Моцарт спорт“, Радивојевиќ од следната сезона ќе го носи дресот на Бешикташ, каде повторно ќе соработува со поранешниот тренер на Пелистер, Рубен Гарабаја.
Со овој трансфер, Радивојевиќ ќе ја прекине серијата од 15 последователни сезони во Лигата на шампионите, бидејќи турскиот клуб нема да настапува во елитното европско натпреварување.
Искусниот крилен ракометар помина три сезони во битолскиот клуб и освои две шампионски титули. Пред доаѓањето во Македонија, Србинот настапуваше за ПИК Сегед, Рајн Некар Левен, Фленсбург и Партизан.
Покрај Абутовиќ и Радивојевиќ, Пелистер веќе го потврди и заминувањето на словенечкиот интернационалец Домен Тајник, кој кариерата ќе ја продолжи во Слован.

























