Левиот бек на штипски Астибо, Марија Анчева, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 23. коло во Супер женската лига.
Таа имаше одлична партија на мечот против Куманово и беше меѓу најдобрите стрелци во важниот триумф.
Анчева го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 85% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Во конкуренција за ѕвезда на 23. коло беа уште и членките на Чаир и Ѓорче Петров, Габриела Величковска и Марија Јовановска.

























