Машката репрезентација на Македонија ја очекува бараж двомечот со Словачка за пласман на Светското првенство во Германија.
Момците на Кирил Лазаров ќе гостуваат на првата средба во Прешов, а Ракометната федерација на Македонија обезбеди чартер лет за нашата експедиција до Словачка.
Со директна авио линија од Скопје до Кошице се патува в среда од 11:00 часот, oколу 100 минути, а потоа со автобус до Прешов уште 40 минути, па ракометарите ќе имаат доволно простор за адаптација, потоа и вечерен тренинг во „Татран Арена“.
Средбата во Прешов е закажана за 14 мај од 19:00 часот, а враќањето во Скопје е планирано по истата рута веднаш по мечот, исто така со чартер лет околу 00:45 часот.
Реванш средбата по која ќе биде познат патникот на Мундијалот е закажана за 17 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
























