Српската репрезентација се соочува со нов сериозен проблем пред бараж двомечот против Унгарија за пласман на Светското првенство 2027 во Германија.
По отсуството на Лазар Кукиќ, селекторот Раул Гонзалез нема да може да смета ниту на десното крило на Вардар, Вукашин Воркапиќ.
Ракометарот заработил скршеница на прстот и истегнување на рамото, повреди кои ќе го оддалечат од терените во наредниот период.
Освен што ќе ги пропушти натпреварите со Унгарија, Воркапиќ нема да биде во составот ниту за завршницата од сезоната во македонскиот шампионат.
Како негова замена во националниот тим е повикан Матеја Додиќ од Загреб. Додиќ и претходно беше дел од српската репрезентација, кога доби дополнителен повик за реваншот против Литванија во претквалификациите.
Тој ќе формира дуо со Дарко Ѓукиќ на десната крилна позиција.

























