Пелистерци му честитаа на Вардар и најавија – следната сезона да го вратиме она што е наше!

Доминацијата од три сезони на Еурофарм Пелистер на македонскиот трон беше прекината од Вардар.

Битолчани во следните три кола ќе се борат за вицешампионското место со екипата на Охрид, а по мечот во Скопје упатија честитки до Вардар.

„🇲🇰👏 Честитки до екипата на РК Вардар 1961 за освоената титула.
🟢🤍💚 Зад нас оставаме сезона во која не ги искористивме нашите шансите во одредени периоди и резултираше со лош крај.
💪🍀👉 Нека биди ова една поука и уште во наредна сезона многу посилни да го вратиме она што е наше!!!
💚⚪️🍀 ЗЕЛЕНА АРМИЈА!!!!!“, напишаа од битолскиот клуб.

Следен предизвик за битолчани ќе биде домашниот натпревар со Бутел Скопје.