На реванш натпреварот од четвртфиналето на машката кадетска лига, беа постигнати дури 100 погодоци.
Мечот меѓу братските екипи на „витамините“ од Автокоманда и „сино-белите“ заврши со резултат 58-42! На завршниот турнир патуваат избраниците на Филип Глигиров и Елена Златановска.
На полувреме беше 32-18, а во вториот дел беа постигнати уште 50 погодоци.
Најдобри стрелци кај „витамините“ беа Ангел Кленковски со десет гола, како и Бобан Поповски и Јован Петрески со по осум погодоци. Кај „сино-белите“, осум гола даде Михаил Арсиќ.
На Ф4 досега се пласира и Еурофарм Пелистер, кој два пати славеше исто така во братскиот дуел со Еурофарм Пелистер 2, а во трка по завршниот турнир се Охрид и Вардар, односно Илинден Вардар и Пролет.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























