Младинскиот состав на Еурофарм Пелистер загуби во финалето на квалификацискиот турнир во Пореч за пласман на Ф4 во Лигата на шампионите од Фуксе Берлин со 51-21.
Пелистерци по драматичниот триумф во полуфиналето над Алборг со 24-23, немаа сили за дуелот со првиот фаворит во групата.
На стартот поведоа битолчани со 1-0, Фуксе Берлин врза три гола по ред за 3-1 и оттогаш натаму ги казнуваше сите грешки на македонскиот тим. На паузата беше 29-10, а второто полувреме беше само формалност.
Кај Еурофарм Пелистер, пет гола постигнаа Андреј Георгиев и Јован Симоновски, а по три Тео Спировски и Стефан Василевски, додека кај Фуксе Берлин, Лео Новак реализираше 12 пати.
Во битката за третото место, хрватскиот претставник Загреб го победи данскиот Алборг со 39-26.
























