Хуманоста беше во прв план на дeрбито во Охрид, откако навивачите и граѓаните се вклучија во акцијата за помош на девојчето Ева.
Иако натпреварот на теренот заврши без победник, во редовите на Охрид истакнаа дека вистинскиот победник биле хуманоста и заедништвото на охриѓани.
Во салата биле собрани вкупно 223.860 денари, средства кои во наредните денови ќе бидат уплатени на сметката на Ева за нејзиното лекување.
„Иако вчерашниот натпревар заврши со нерешен резултат, сепак на крајот имаше победник! Победи нашиот Охрид, победивте вие, охриѓани! Победи вашата хуманост, победи заедништвото и сплотеноста во поддршката за најважната битка на нашата Ева! Охрид и охриѓани биле, се и ќе останат хумани. Охриѓани одговорија на апелот, па така на вчерашниот натпревар беа собрани парични средства во износ од 223.860 денари, кои во текот на наредните денови ќе бидат уплатени на сметка на Ева. Благодариме Охриде! Со срце за Охрид, од срце за Ева!“, напишаа од охридскиот клуб.
Дуелот меѓу конкурентите за пласман во Лигата на Европа заврши реми, 27-27.

























