Женската пионерска репрезентација на Македонија го оствари првиот триумф на Медитеранското првенство во Приштина, откако славеше против Грција со 24-18.
Иако нашите млади ракометарки го загубија првиот период со 9-7, сепак покажаа карактер и успеаја да се вратат откако ги добија втората и третата третина.
Девојчињата на Славиша Димитријески беа подобри и го одбија вториот период со 8-5, а последниот со 9-4 и немаше дилеми околу победникот.
За Македонија останува уште дуелот со Хрватска од групната фаза утре од 13:30 часот, а в сабота разигрување за пласман најверојатно за 7 или 9 место.























