Ѓукиќ: Со поддршка од навивачите до повисока победа и мирен реванш

По елиминациите на азербејџанскиот Баку и босанската Слога Добој, со повеќе од убедлива разлика, ракометарите на Охрид ги очекува потежок предизвик во ЕХФ Европскиот Куп.

На гости доаѓа чешката екипа Дукла Прага, која од клупата е предводена од легендарниот Даниел Кубеш, кој истовремено е и селектор на машката репрезентација на Чешка.

Десното крило на „гладијаторите“, Дарко Ѓукиќ, посакува што повисока победа за мирен реванш.

„Екипата на Дукла Прага е сериозна екипа што се бори за титула во Чешка. Сметам дека нема да биде лесно, но ќе дадеме се од себе да оствариме што подобар резултат дома и со тој да одиме во Прага и се надеваме дека ќе минеме во четвртфиналето на ЕХФ Купот. Посакувам што поголема победа за да одиме растоварени на реваншот во Прага, се надеваме на победи и тука и таму, иако знам дека нема да бидат лесни натпревари. Се надевам дека навивачите ќе ја наполнат салата и ќе бидат наш осми играч, а тоа ќе ни биде мотив за што подобар резултат“, вели Ѓукиќ.

Натпреварот меѓу Охрид и Дукла Прага се игра в сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 18:00 часот, а продажбата на влезници се одвива ТУКА.