Комплетирани се полуфиналните двојки на Африканското првенство и познати се четирите од пет селекции што од овој континент ќе играат на Мундијалот во Германија наредната година.
На СП 2027 во Германија ќе се појават Египет, Алжир, Тунис и Зеленортските Острови, додека петтиот учесник од Африка ќе биде познат по разигрувањето за пласман од 5 до 8 место во кое ќе играат Нигерија, Гвинеја, Марко и Ангола.
Претходно пласман на СП обезбедија домаќинот Германија и светскиот првак Данска, како и четирите најдобри од Средна и Јужна Америка – Бразил, Аргентина, Уругвај и Чиле. Од Азискиот континент на СП се пласираа Катар, Бахреин, Јапонија и Кувајт.
Останатите 17 места на Мундијалот ќе бидат пополнети од другите континенти – Европа (14), Северна Америка и Кариби (1) и вајлд-карти (2). Од ЕП 2026 на СП 2027 ќе се пласираат четирите полуфиналисти, а уште десет селекции своето место ќе го обезбедат преку баражот во мај.
Светското првенство во Германија ќе се игра од 14 до 31 јануари 2027 година во шест градови – Магдебург, Келн, Штутгарт, Хановер, Минхен и Кил.

























