Со денешните средби од главната рунда на Азиското првенство комплетирани се полуфиналните двојки и четирите селекции што се пласираа на Мундијалот во Германија наредната година.
Јапонија ќе игра против Бахреин, додека Катар ќе се соочи со Кувајт, а овие четири репрезентации ќе играат на СП 2027, а таму нема да бидат Кореја, Саудиска Арабија…
Претходно пласман на СП обезбедија домаќинот Германија и светскиот првак Данска, како и четирите најдобри од Средна и Јужна Америка – Бразил, Аргентина, Уругвај и Чиле.
Останатите 22 места на Мундијалот ќе бидат пополнети од другите континенти – Африка (5), Европа (14), Северна Америка и Кариби (1) и вајлд-карти (2).
Од ЕП 2026 на СП 2027 ќе се пласираат четирите полуфиналисти, а уште десет селекции своето место ќе го обезбедат преку баражот во мај.
Светското првенство во Германија ќе се игра од 14 до 31 јануари 2027 година во шест градови – Магдебург, Келн, Штутгарт, Хановер, Минхен и Кил.
























