Борозан најде нов клуб?

Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан е пред камбек во татковината пред пролетниот дел од сезоната.

Според „Лоб спорт“, Борозан се наоѓа пред потпис со второпласираниот состав од црногорскиот шампионат Будванска ривиера.

Левиот бек го заврши договорот со Вардар, па сега е слободен во потрагата по нова средина, а иако се споменуваа клубови од Катар, Кувајт, Саудиска Арабија…се чини дека најблиску е до камбек дома.

Будванска ривиера го потпиша летово средниот бек од Тиквеш, Игор Кривокапиќ, дојде српскиот десен бек Никола Ивановиќ, а со Борозан ќе комплетираат одлично бековско трио.

Борозан потекнува од Ловќен, играше за Веспрем, Загреб, Либек, Карловац, Металург…Ал Хида од Саудиска Арабија, а последните година и пол одново го носеше дресот на двократниот европски првак од Скопје.

Будванска Ривиера има 22 бодови, два помалку од Ловќен, па со ангажманот на Борозан се надева дека ќе го симне тимот од Цетиње од врвот на црногорскиот ракомет.