Тимот на Нес Зиона, каде што игра македонскиот интернационалец Горан Крстевски, освои важен бод во 16 коло од израелскиот шампионат.
Нес Зиона одигра реми на тешкото гостување кај Макаби Ришон Ле Зион на Марко Мишевски, 32-32.
Крстевски беше меѓу најдобрите поединци во гостинскиот тим и успеа да постигне четири погодоци во противничката мрежа.
Нес Зиона сега има девет бодови на 9 место на табелата, а во следниот меч Крстевски и неговиот тим ќе играат дома против Хапоел Ришон Ле Зион.

























