ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Дерби кај дамите, полуфинале на СП, Куманово гостува во Автокоманда…

Вчера заврши 16, а денеска стартува 17 коло во Супер машката лига со натпревар во Автокоманда.

Таму од 19:00 часот кај „сино-белите“ од Автокоманда ќе гостува екипата на Куманово, а избраниците на Кирил Лазаров ќе ја имаат фаворитската улога.

Во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде дерби дуелот меѓу лидерот на табелата во Супер женската лига, Металург Автокоманда и шампионот Ѓорче Петров на теренот на „лавиците“.

Ќе има и една пресметка од Првата машка лига – во Неготино кај Вардар доаѓа Овче Поле од Свети Николе.

На меѓународната сцена, денеска ќе бидат познати финалистите на Мундијалот во Германија и Холандија, а повеќе возбудувања се очекуваат на првото полуфинале меѓу светскиот првак Франција и домаќинот Германија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

19:00 ВАРДАР НЕГОТИНО – ОВЧЕ ПОЛЕ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 АЛКАЛОИД – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (МАКЕДОНИЈА)
17:45 ФРАНЦИЈА – ГЕРМАНИЈА (СП)
20:45 ХОЛАНДИЈА – НОРВЕШКА (СП)