Денеска во центарот на вниманието ќе бидат натпреварите од Супер машката лига во Битола и Радовиш.
Во „Боро Чурлевски“ ќе се сретнат екипите на Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје за кои овој меч е многу важен во битката за плеј-фот.
Младите пелистерци имаат 14 бодови на седмото место, додека бутелци се на шестата позиција, последна која води во плеј-офот со 15 бодови. Која екипа ќе победи, ќе направи голем чекор напред кон место во разигрувањето за титулата.
Во Радовиш, домашниот тим по 15 меча без освоен бод, ќе се обиде да го направи сефтето против Струга, која исто така е во серија на порази и се наоѓа на претпоследното место.
Во Супер женската лига, Вардар ќе го пречека Куманово во натпревар кој се очекува да донесе возбудувања. Ако победат домаќинките тие ќе направат голема предност на табелата пред Куманово и ќе биде чекор напред до ТОП 4.
Во Првата женска лига, непобедливиот Атлетик ќе се соочи со Стружанка, во последниот натпревар од 11 коло.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – БУТЕЛ СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
17:30 АТЛЕТИК – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)
18:15 ВАРДАР – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
19:00 РАДОВИШ – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)


























