ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар на испит во битолскиот пекол, Охрид по бодови во Кавадарци

Денеска во центарот на вниманието ќе биде најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Македонското „ел класико“ ќе се игра во Битола пред преполни трибини во салата „Боро Чурлевски“, а шампионот мора да слави за да се приближи на лидерот Вардар на само два бода.

Вардарци се први на табелата со 30 бодови, а Еурофарм Пелистер има 26 на второто место, додека Охрид е трет со 23 бода.

Битолчани од клупата ќе бидат предводени од Звонко Шундовски, откако шампионот се раздели со Рубен Гарабаја минатата недела. Мечот стартува од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“.

Дербито ќе помине со присуство на „Чкембари“ и „Комити“, па нема сомнеж дека не очекува одлична атмосфера во Битола и ракометно уживање.

Третопласираниот Охрид има незгодно гостување кај Тиквеш во Кавадарци, но ќе ја има фаворитската улога, додека интересно се очекува да биде во Прилеп, каде залетаниот домаќин ќе се соочи со тимот на Кирил Лазаров.

Пролет со нов предводник ќе му гостува на Куманово, а денеска ќе има и три средби од Супер женската лига. Во Автокоманда кај Металург гостува Пелистер, Чаир оди кај Спартак, а шампионот Ѓорче Петров наместо во Штип, на домашен терен ќе игра со Астибо.

На меѓународна сцена ќе се одиграа две четвртфинални средби на Мундијалот во Германија и Холандија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 КУМАНОВО – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ТИКВЕШ – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
19:00 АСТИБО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)
19:15 СПАРТАК – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ПРИЛЕП – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ХОЛАНДИЈА – УНГАРИЈА (СП)
21:00 ФРАНЦИЈА – ДАНСКА (СП)