Маргуч го напушта Веспрем – се враќа во Словенија

Во Словенија  новата сезона се враќа во ден од најпрепознатливите словенечки ракометари на последната декада. Гашпер Маргуч, долгогодишен носител на играта на унгарски Веспрем, едно од најдобрите десни крила на светот и дете на целската ракометна школа, повторно ќе го носи жолто-синиот дрес по повеќе од десет години.

Неговото враќање претставува огромен спортски и симболичен момент – во клубот доаѓа играч со повеќе од 3000 голови на сениорско ниво, кој словенечкиот и европскиот ракомет го обележа со упорност, квалитет и врвни настапи.

Маргуч ја започна кариерата токму во Целје, каде меѓу 2009 и 2014 одигра 200 натпревари и постигна 949 гола. Раната експлозивност и прецизност го однесоа во 2014 година во Веспрем, европски гигант и клуб од највисок ранг. Во дресот на Веспрем постигна 1653 гола во 12 сезони и се искачи на шестото место на клупската вечна листа на стрелци – резултат што зборува за неговата стабилност, константност и способност да игра на највисоко ниво.

Во дресот на словенечката репрезентација има 134 настапи и 459 гола, а во Лигата на шампионите се наоѓа меѓу дваесетте најдобри стрелци во историјата на натпреварувањето. На клупско и репрезентативно ниво има над 3000 голови.

За првпат во кариерата ќе игра заедно со помладиот брат Мај, кој е 17 години помлад и важи за еден од носителите на новата генерација. Целје така добива редок братски тандем во историјата на словенечкиот спорт.

Маргуч изјави дека е пресреќен што се враќа во матичниот клуб и дека од првиот контакт до договорот поминале само неколку дена. Го убедиле амбициите и визијата на раководството, а самиот се гледа како мотивиран играч кој ќе пренесе искуство на младите и ќе помогне во остварувањето на целите. Според него, периодот во Веспрем го изгради како играч и личност, а враќањето дома му носи нова енергија и страст.