Келце „му врати“ на Нант и го прескокна на табелата

Полски Киелце направи „брејк“ на гости во Франција кај Нант, и му „врати“ за поразот во почетниот дел на сезоната. Киелце триумфираше со 33-29 и со двата бода се искачи на петтото место на табелата во А групата од лигата на шампионите со 9 бода, еден помалку од Нант.

Сега Полјаците „ќе го ловат“ Спортинг кој е преднив и има само бод предност. Во продолжението на ЛШ, Спортинг треба да гостува во Полска.

Веќе после 6 минути играње Киелце имаше водство од 4-0 најавувајќи го триумфот. Пред крај на првото полувреме Нант израмни, но на одмор заминаа гостите со гол предност. До 42 минута Нант имаше предност од 22-21, а потоа Киелце поведе со 25-22. До крај на средбата не го испуштија водството.