Ремили и Коралес му донеса победа на Веспрем во драмата со Спортинг

Во последните 20 секунди од средбата Недим Ремили погоди за водство на Веспрем, 32-31 а потоа последниот удар на Спортинг го одбрани голманот Коралес, по што почна славјето на Веспрем

Унгарците сега се третопласирани со 12 бода, два повеќе од Спортинг. До средината на второто полувреме домашните имаа водство, на моменти и 5-6 гола, во првиот дел. Потоа предноста почна да се топи, и потоа Спортинг успеа да направи пресврт.

Прво израмни на 24-24, а потоа и поведе со 25-24. Во 56 минута Португалците имаа предност од 31-29 надевајќи се дека може да победат.

Потоа Хуго Дескат двапати погоди за израмнување на резултатот, 31-31. Гостите имаа две шанси претходно, но не ги искористија. Затоа Дескат погоди, оставајќи малку време за Спортинг. На две секунди до крај Хешам доби исклучување, но тој слободен удар од девет метри го сопре Коралес за потврда на триумфот на Веспрем.