Германски Фуксе Берлин мораше да му честита на Колштад за триумфот, 28-24 во 10. коло од А групата во лигата на шампионите, што беше вистинско изненадување. За тимот од Берлин не настапија дваја најдобри поединци, бекот Матијас Гидсел и голманот Дејан Милосављев, и тоа се виде на терен.
Берлин „врза“ два меча со пораз, бидејќи претходно загуби и од Лемго во германското првенство. „Лисиците“ остануваат на првото место на табелата со 18 бода, но сега Алборг е второпласиран со 17 и директно ќе се бори за место кое води во четвртфиналето, во последните четири кола од групната фаза.
Колштад по вторпат победи сезонава, и има 4 бода, па може се уште да се надева на терија да го стигне Киелце кој е на место што води во осминафиналето, бидјеќи е шестопласиран со 7 бода.
Освен почетните минути во кои Берлин имаше 2-3 пати водство, се до крајот на средбата беше во знакот на Норвежаните. Тие н аполувреме водеа со 15-12, а во второто полувреме стигнаа и до највисоките „плус 6“ во неколку наврати.
Магнис Сондена со 9 гола од 11 обиди беше најефикасен на средбата и во домашниот тим, а по 4 гола дадоа Магнис Гулеруд и Мартин Ховде. Кај гостите, седум гола даде Матес Мангоф, а петпати погоди Аитор Арино.


























