МВП НА 12. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – ВАСИЛИЈЕ ПЕЧУРИЦА (ТИКВЕШ)

Голманот на Тиквеш, Василије Печурица, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 12. коло од Супер машката лига.

Чуварот на мрежата на кавадарчани беше меѓу најзаслужните за триумфот на неговиот тим против Пролет и имаше клучни интервенции.

Тој освои 38% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше членот на Куманово, Александар Стојков, кој освои 25% од гласовите.

Номинирани за МВП на 12. коло од Супер машката лига беа Анжеј Видомски, Христијан Ристевски, Самоил Ристевски, Марио Стојановски и Тилен Стрмљан.