Владан Кастратовиќ му донесе триумф на Прилеп на гостувањето кај Куманово, 29-28 со гол во последните секунди од средбата. Гостите од Прилеп само трипати имаа водство на средбата, двапати во првото полувреме и еднаш во второто, и токмутоа водство во второто беше побендичко.
Сега Прилеп има 10 бода и се на 8 место, го скокна Пролет на табелата, додека Куманово останува на делба на претпоследното место заедно со Струга.
Куманово имаше водство речиси целиот тек на средбата, а во последните 10 минути влегоа со предност 26-23. Во 53. минута Прилеп израмнува, а потоа и во 56 минута, на 28-28. Потоа Илчо Ивчески имаше два успешни одбрани, а можеа гостите и да поведат, но направија техничка грешка.
На спротивната страна и Куманово имаше шанса во последната минута. На 45 секунди до крај домашните побараа тајмауат, но од тој напад немаше реализација туку загубена топка, давајќи има 15-тина секунди шанса на прилепчани. И тие ја искористија шансата наместо со реми, да заминат со два бода.
Во следното коло Куманово гостува кај Еурофарм Пелистер 2, а Прилеп е домаќин на Бутел.

























