По европската пресметка со Слога Добој, ракометарите на Охрид се враќаат на домашните обврски во Супер лигата.
Во првиот натпревар од 13 коло, „гладијаторите“ ќе играат езерски двобој на кој формално ќе бидат гости.
Левиот бек Дејан Кукуловски очекува продолжување на победничката серија.
„После натпреварот со Слога Добој не очекува езерското дерби со екипата на Струга, која е составена од млади играчи што сакаат да се докажуваат. Иако сме фаворити мораме максимално да влеземе на овој натпревар и да извојуваме уште една победа“, изјави Кукуловски.
Натпреварот меѓу Струга и Охрид ќе се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ в среда на 19 ноември од 18:00 часот.

























