Wolt ја активира претплатничката услуга Wolt+ во Македонија, наменета за корисници кои нарачуваат храна, намирници и производи од локалните продавници присутни на платформата. Со Wolt+, сите нарачки од партнерите обележани со W+ во апликацијата се испорачуваат со нула денари надомест за достава. Месечната претплата изнесува 199 денари, со можност за годишен пакет по намалена цена, а новите корисници можат да го пробаат сервисот бесплатно во период од два месеци.
Нула надомест за достава кај W+ партнерите кои се квалификуваат, транспарентни минимални износи, двомесечен бесплатен пробен период и можност за откажување во секое време директно во апликацијата.
За корисниците кои почесто нарачуваат, Wolt+ се „исплатува“ со околу 2–3 нарачки месечно, според вообичаените трошоци за достава. Платформата со W+ ги обележува рестораните и продавниците кои се наоѓаат на растојание до 5км од корисникот на апликацијата, а минимален износ во кошничката е 350 денари за ресторани, 350 денари за продавници и 700 денари за намирници. По активирање на претплатата, корисникот во апликацијата веднаш може да види кои партнери се означени со W+. Апликацијата овозможува претплатата да се откаже во секое време преку корисничкиот профил. Wolt+ се обновува автоматски, а со членството можете да го управувате или да го откажете во секое време од табот Wolt+ во вашиот профил.
Wolt+ е осмислен со јасна корист за потрошувачите, како намалување на вкупните трошоци за достава за оние кои нарачуваат почесто, со едноставни правила видливи во апликацијата и транспарентни услови за откажување.
Но, бенефитот од платформата го чувствуваат и партнерите – рестораните и продавниците кои немаат потреба да инвестираат во сопствена онлајн продавница, а стигаат до многу поголем број потрошувачи. Платформата ја зголемува видливоста на малите бизниси, а со тоа и бројот на нивни потрошувачи. Сега со обележувањето на рестораните, маркетите и специјализираните продавници со W+ значка се зголемуваат и можностите за ексклузивни понуди за потрошувачите. Со приклучување на Wolt+, корисниците откриваат повеќе омилени места што се во околината, што за партнерите значи почести посети од потрошувачи и повисока фреквенција на нарачки.
„Со Wolt+ сакавме преку намалување на трошоците за достава на корисниците на платформата Wolt да им овозможиме уште поудобно и подостапно искуство при нарачување. Најголеми придобивки имаат оние што користат почесто, но и повремените корисници остваруваат значајни заштеди. Во повеќето случаи, членството се исплатува по само две до три нарачки месечно. Бенефитот не е само за потрошувачите, рестораните и продавниците добиваат поголема видливост и повисока побарувачка. Нашите партнери се задоволни и веќе забележуваат значителен пораст на нарачките,“ изјави Ѓорѓе Давидовиќ, генерален менаџер за Србија и Wolt Македонија.
Претплата важи само за државата каде е купена претплатата, а правилата, минималните износи и опсезите може да се ажурираат во секое време. Сите детали важечките услови се достапни во апликацијата и на веб-страницата на Wolt.
Wolt е технолошка компанија со седиште во Хелсинки, со мисија да донесе радост, едноставност и заработка во соседствата ширум светот. Wolt развива платформа за развој на локалната економија која ги поврзува луѓето што сакаат да нарачаат храна, намирници и други производи со луѓе заинтересирани да ги продаваат и испорачуваат. Wolt е основан во 2014 година и во 2022 се здружи со DoorDash, кој во 2025 година ја заврши аквизицијата на Deliveroo. Денес, Wolt е дел од DoorDash семејството и работи во повеќе од 30 земји.


























