Kелце ја има на „пик“ новата белоруска ѕвезда!

Полскиот гигант Келце започна преговори со Кирил Рабчински, лев бек на СКА Минск, пишува „Handballbase“.

Белорускиот репрезентативец би можел да биде замена за Хасан Кадах, кој наскоро ќе се врати во својата татковина и ќе потпише со Замалек.

Рабчински оваа сезона блеска во белорускиот шампионат, каде е на врвот на листата на стрелци со 63 погодоци во само осум натпревари.

Минатата сезона 20-годишниот бек беше еден од клучните играчи во освојувањето на титулата за СКА Минск и победите над Мешков Брест.