Лазаров: Манасков игра во врвна форма – доби повик, го одби и немам што да додадам…

Селекторот на сениорската репрезентација, Кирил Лазаров, денеска ги собра репрезентативците за двомечот со Јапонија во рамките на ЕХФ недела.

Тој повика нов играч, Петар Атанасијевиќ, кој доаѓа на местото на Дејан Манасков, откако искусниот член на Еурофарм Пелистер, го одби повикот.

Лазаров не сакаше да коментира премногу околу новонастаната ситуација.

„Манасков игра во одлична форма, особено последните два месеци, и поради тоа доби повик. Тој го одби повикот и немам што тука да додадам. Моја обврска е да ги повикам оние што играат во најдобра форма. Го направив тоа, го повикав, затоа што верував дека ќе бидеме поквалитетни со него на крилната позиција. Манасков во последно време покажува врвна класа, но одиме напред,“ изјави Лазаров.

Тој последен пат играше за Македонија на СП 2023 и оттогаш го нема во националниот тим.

Манасков нема да игра за Македонија: Моите односи со селекторот Лазаров се нарушени…