Петриќ: Ниеден меч не е лесен – од почеток до крај фокус и против Куманово

Ракометарите на Охрид по триумфот кај Прилеп, ги очекува уште еден натпревар на кој ќе бидат големи фаворити.

Следен ривал на „гладијаторите“ ќе биде тимот на Куманово, кој доаѓа во СРЦ „Билјанини Извори“ со лоша серија на порази.

Левиот бек од составот на Борис Ројевиќ, Стефан Петриќ, вели дека мора да се има фокус од почеток од крајот на сите дуели и дека нема лесен меч.

„Наш следен противник е Куманово и свесни сме дека ниеден меч не е лесен. Против Прилеп покажавме одличен пристап и енергија на теренот, со ист таков пристап мора да настапиме и дома. Ако го дадеме својот максимум и останеме фокусирани од почеток до крај, верувам дека победата ќе остане во наши раце“, изјави Петриќ.

Натпреварот меѓу Охрид и Куманово се игра в петок од 16:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.