Камбек во Прилеп – се врати бомбардерот Никола Цветаноски!

Екипата на Прилеп во продолжение од сезоната ќе биде посилна за левиот бек Никола Цветаноски.

Станува збор за повратник во тимот предводен од Наум Танески, кој на стартот на оваа сезона го имаше првиот меѓународен предизвик во словенечката Ајдовшчина.

Цветаноски три сезони го носеше дресот на Прилеп и ќе биде од голема помош во битката за плеј-офот.

Левиот бек потекнува од Струга, а во кариерата освен за матичниот клуб настапуваше и за Вардар Јуниор и Голден Арт.