Познато е кога Металург Автокоманда ќе бие битки за осминафинале во ЕХФ Купот

Европската ракометна федерација ги потврди термините за натпреварите од третото коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Македонскиот вицепрвак Металург Автокоманда ќе се соочи со хрватскиот тим Сплит, а веќе се закажани двата натпревари.

Првиот дуел меѓу хрватскиот и македонскиот тим ќе се игра во легендарната „Грипе“ во Сплит на 8 ноември од 18:00 часот.

Реваншот по кој ќе биде познат патникот меѓу најдобрите 16 ќе се одигра во салата во Автокоманда на 16 ноември од 15:00 часот.