Тимот на Охрид го засили својот ростер со средниот бек од Србија, Младен Крсманчиќ, кој минатата сезона настапуваше за Вардар.
Крсманчиќ ги сподели импресиите по потписот и вети дека ќе даде се од себе да ја оправда довербата.
„Драго ми е што станав дел од Охрид во моментот кога амбициите на клубот растат. Многу ми се допаѓа визијата на клубот и ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата која ми е пружена. Се надевам во наредниот период Охрид ќе испише историски успеси и во домашното првенство и на европската сцена како би ги израдувале нашите навивачи“, изјави Крсманчиќ.
Тој ќе биде замена за повредениот Ловро Јотиќ, кој ќе биде отсутен подолго време од ракометните терени.